Вести 200 нови работни места

Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на фабриката „Костал“ во Охрид.

Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“
Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на фабриката „ Костал“:

„Благодарам и од моја страна и до медиумите што сте тука.

Јас можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.

Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа.

Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу.“

 

 

Најнови вести од Вести

To top