Вести граѓаните со молчење и плач маршираа низ улиците на градот

„Марш за 59-те ангели“: Семејствата на загинатите во Кочани на мирен марш, побараа правда

Под слоганот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите во трагичниот пожар во Кочани, придружени со голем број сограѓани, тргнаа од Паркот на револуцијата, на „црн“ марш низ улиците на градот.

Printscreen/Netpress

Со фотографии од загинатите и со транспаренти на кои пишува „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“, граѓаните со молчење и плач тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Прво се упатија кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството. Порачаа дека е време да запре селективната правда.

Printscreen/Netpress

Најнови вести од Вести

To top