Македонија УСТИ

Зголемен бројот на македонски туристи во Бугарија

Само во јануари се бележи раст од 30% кај туристите од Турција, а кај македонските за 15%.

Зголемен бројот на македонски туристи во Бугарија

За 15 проценти е зголемен бројот на македонски туристи кои оваа зимска сезона ја посетиле Бугарија во споредба со претходната година, покажуваат податоците на бугарскиот Единствени туристички информативен систем (УСТИ).

Споредено со минатата зимска сезона, во периодот од 1 декември 2023 до 31 јануари 2024 година, најголем раст има кај италијанските туристи – над 30%, следуваат македонските со 15%, зголемувањето кај домашните туристи е 8%, а кај британските за 6%.

Само во јануари се бележи раст од 30% кај туристите од Турција, а кај македонските за 15%.

Бугарија во декември и јануари ја посетиле вкупно 937.527 туристи. Во ски центрите престојувале близу 190 илјади туристи, најмногу во Банско 86.772. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top