Македонија Сеизмолошка опсерваторија

Земјотресот во Црна Гора почувствуван и во Македонија, еве со која јачина

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети.

Земјотресот во Црна Гора почувствуван и во Македонија, еве со која јачина

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван рано изутрината во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен, а со интензитет од III степени во Скопје, Куманово и Велес.

Епицентарот на земјотресот бил 247 километри северозападно од Скопје, во Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети.

Најнови вести од Македонија

To top