Македонија Сеизмолошката опсерваторија соопшти

Земјотрес стресе делови од Македонија, ова се деталите

Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Земјотрес стресе делови од Македонија, ова се деталите

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС) е почувствуван во Битола, Охрид и околните места синоќа во 23:10 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7 степени.

Претходно, во 19:50 часот беше почувствуван уште еден земјотрес во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на овој земјотрес бил во Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје.

Најнови вести од Македонија

To top