Македонија Регионална поддршка за транспарентноста

Земјите од регионот ја поздравуваат реформата со новите таблички за службените возила во Македонија

Иницијативата за поголема отчетност и контрола на користењето на јавните ресурси доби признание како позитивен пример за цел Западен Балкан

Земјите од регионот ја поздравуваат реформата со новите таблички за службените возила во Македонија

Регионалните влади и медиуми ја поздравија одлуката на Владата на Република Македонија и Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за воведување на нови регистарски ознаки и GPS-систем за следење на движењето на службените возила.

Како што пренесуваат медиумите од Црна Гора, Србија и Албанија, оваа мерка се смета за „исчекор кон поголема транспарентност, рационалност и модернизација на јавниот сектор“. Новите обележја ќе овозможат јасно разликување на службените возила од приватните, а GPS-технологијата ќе овозможи увид во нивната намена и рационално користење.

Одлуката е дел од пошироката владина стратегија за ефикасно управување со јавните ресурси и борба против злоупотребите. Владините претставници нагласија дека ова е само еден сегмент од заложбите за воведување европски стандарди во јавната администрација.

– Оваа мерка покажува дека Македонија сериозно ја сфаќа транспарентноста и отчетноста, нешто што е пример и за останатите земји во регионот, наведува еден од регионалните портали.

Sjeverna Makedonija uvodi red u javni sektor: Nova registarska obilježja i GPS za službena vozila

Со ваквите потези, Македонија се позиционира како предводник во воведувањето современи и одговорни практики во управувањето со јавните институции, што дополнително ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите и ја поттикнува регионалната соработка.

To top