Сите градоначалници упатуваме жалење и до семејствата на вработените во општината кои во моментот на грозниот чин биле во придружба на градоначалникот и им посакуваме брзо закрепнување. Ова не е прв пат во нашата земја да се посегне по животот на градоначалник, токму при извршувањето на неговите работни обврски. Затоа бараме надлежните институции да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на случајот со цел ова никогаш повеќе да не се повтори .
Уште еднаш, остро ја осудуваме оваа насилна практика на изразување на незадоволство од работата на градоначалникот и бараме да ни се дозволи своите надлежности да ги спроведуваме низ институционални постапки и процеси.
ЗЕЛС останува и понатаму доследен на заложбите за продлабочување на процесот на децентрализацијата во нашата земја и спроведување на нови надлежности од страна на единиците на локалната самоуправа што ќе се извршуваат низ законски утврдени процеси и на транспарентен начин, со поддршка и во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на ЗЕЛС.