Македонија

Започна рехабилитација на патниот правец на потегот Тетово-Мала Речица-Пирок

Јавното претпријатие за државни патишта преку Програмата за одржување и заштита на државните патишта склучена со ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта инвестира во обнова и рехабилитација на повеќе патни правци во државава.

Во согласност со Програмата започнати се градежните активности на регионалниот патен правец Р1206 на делницата Тетово-Мала Речица-Пирок.

Рехабилитацијата ја вршат екипите на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта. Издвоената вредност за рехабилитација е 40.000.000 денари, информираат од претпријатието.

To top