Службеното возило на директорот на затворот ,,Идризово”, Зоран Јовановски било запалено синоќа во скопска Кисела Вода.
Потврда за настанот пристигна и од Министерството за внатрешни работи.
-На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј., велат од МВР.
Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.