Македонија пријавено во МВР

Закани кон претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска

Закани кон претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

To top