Македонија Лотарија, дувло на криминал

Зафировски за Курир: Инсталациите на ДУИ одработија за Груби, но бегството не е решение

Лотарија беше перална на пари, дувло на криминанал на СДС и ДУИ. Со ваквите акции на МВР започната е долго очекуваната бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал, и јасно се манифестира силна политичка воља и решеност да се поведе конкретна, сериозна, ефективна и ефикасна борба, а со цел да се обезбеди владеење на правото и да нема недопирливи за правдата во Македонија, велат експертите и добро упатените во целата проблематика.

Зафировски за Курир: Инсталациите на ДУИ одработија за Груби, но бегството не е решение

Багажот на делата кои му се ставаат на товар на Артан Груби му тежат и е свесен за тоа, со бегството, Груби само ја потврдува вината за делата за кои е осумничен. Со ваквите акции на МВР започната е долго очекуваната бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал, и јасно се манифестира силна политичка воља и решеност да се поведе конкретна, сериозна, ефективна и ефикасна борба, а со цел да се обезбеди владеење на правото и да нема недопирливи за правдата во Македонија, смета универзитетскиот професор и безбедносен експерт Воислав Зафирофски.

Речиси на иста линија со него е вицепремиерот Александар Николоски, кој на шега посочи и дека Груби не е Асад, па да добие азил некаде. Прашање на време  е кога органите на прогонот ќе допрат до него.

-Бегството на Груби од Македонија, само по себе говори многу. Најнапред говори за тоа дека инсталациите на ДУИ во МВР се уште роварат и од нивна страна на Груби му е најавена полициската акција. Натаму, говори за фактот дека Груби си ја има мувата на капата, дека багажот на делата кои му се ставаат на товар му тежат и дека е свесен за тоа. Со други зборови, со бегството, Груби само ја потврдува вината за делата за кои е осумничен, вели во изјава за Курир професорот Зафировски.

Македонските граѓани одамна очекуваа МВР да почне да делува согласно неговите надлежности, и задоволството од акциите на полицијата кај народот е големо и долго очекувано, вели Зафирофски.

-МВР и во овој случај постапува согласно стандардните оперативни процедури. Морам да забележам дека граѓаните на Македонија одамна очекуваа МВР да почне да делува согласно неговите надлежности, да почне да ги работи и случаите на висока корупција кои се поврзуваат со носители на високи јавни функции. Задоволството од акциите на полицијата кај граѓаните е големо и долго очекувано, смета тој и додава:

„Сепак, при планирањето и спроведувањето на овие и слични акции, МВР мора да посвети поголемо внимание на заштитата на информациите, бидејќи инсталациите на ДУИ и СДС се многу активни“.

Facebook/Voislav Zafirofski

Зафирофски и покрај меѓународната потерница за Груби не е оптимист за тоа дека тој набргу ќе биде биде избеден пред лицето на правдата, доколку во предвид се земамт досегашните искуства и практики од страна на косовските власти, бидејќи истите се покажаа како негативни.

-И покрај распишана та меѓународна потерница за Груби, не сум голем голем оптимист дека набргу ќе биде изведен пред органите на прогонот. Искуствата со косовските власти од досегашната практика, се покажаа како негативни. Пред се мислам на лицата кои Македонија ги бараше со меѓународна потерница за убиствата на Смилковско езеро. Во случајов не очекувам дека косовската полиција би го уапсила Груби, а дури формално и да го уапси и да му определи екстрадициски притвор, не верувам дека би го испорачал на Македонија без реален и сериозен притисок од нивните стратешки партнери. Ова особено, ако Груби, покрај Македонското има и Косовско или Албанско државјанство. Со еден збор, старите инсталации во МВР на време си ја завршиле својата работа, што како случај МВР треба сериозно да го истражи, вели универзитетскиот професор.

Со овие акции на Македонската полиција јасно се манифестира силна политичка воља и решеност да се поведе конкретна, сериозна, ефективна и ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, да се обезбеди владеење на правото и да нема недопирливи за правдата, смета Зафировски.

-Со ваквите акции на МВР започната е долго очекуваната бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал. Започна процес кој три децении на различни начини и со различни имиња беше најавуван, но од октоподот до тепсијата без баклава која стооое до сега ништо не видовме. Со овие акции на Македонската полиција јасно се манифестира силна политичка воља и решеност да се поведе конкретна, сериозна, ефективна и ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, да се обезбеди владеење на правото и да нема недопирливи за правдата. Граѓаните на Македонија денес, како никогаш до сега, веруваат дека институциите на државата можат да бидат вистински сервис на граѓаните и можат да ги остварат функциите заради кои се конституирани, дециден е Зафирофски кој важи за одличен познавач од областа на безбедноста.

Сител

На иста линија со Зафирофски е вицепремерот Александар Николоски кој во суштина е и повеќе оптимист од универзитетскиот професор и верува дека прашање на време е кога Артан Груби ќе биде испорачан од страна на Интерпол поради меѓународната потерница која е распишана против него.

Николоски вели дека со самото бегство Артан Груби признава вина, и прашање на време е кога Интерпол ќе го испорача на органите на прогон.

-Бегството на Артан Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија“, истакна министерот за транспорт и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

-Скандалот со Лотарија не не изненадува, јас бев прв што го објавив овој скандал уште за време во опозиција, истакна Николоски, кој вели само прашање на време е кога Интеропл ќе го испорача Груби на органите на прогонот.

Лотарија беше перална на пари, дувло на криминанал на СДС и ДУИ, вели вицепремиерот Николоски и убеден е дека меѓународната потерница ќе вроди со плод.

-Бројни обиди правеше Артан Груби да го промени Законот за игри на среќа мислејќи дека на тој начин ќе си го амнестира криминалот и не успеа заради нашиот отпор. Лотарија беше перална на пари, дувло на криминанал на СДС и ДУИ. Братски го правеа тоа, фронтмен беше поранешниот шеф на кабинет и после тоа директор на Лотарија. Но убеден сум дека меѓународната потерница ќе вроди со плод и прашање на недели ќе биде само кога ќе го видиме на граница како Интеропол ќе ги донесе и верувам дека не само за овој случај, туку и за други случаи ќе одговараат, истакна Николоски.

To top