Македонија корупцијата е проблем кој треба што поскоро да се реши

За Ковачевски власта покажала неселективност во борбата против корупцијата, Мицкоски најавува распуштање на Судски совет и Совет на јавни обвинители

Во вечерашниот дуел во емисијата Само вистина на Канал 5, Ковачевски и Мицкоски беа согласни дека корупцијата е проблем кој треба што поскоро да се реши.

За Ковачевски власта покажала неселективност во борбата против корупцијата, Мицкоски најавува распуштање на Судски совет и Совет на јавни обвинители

Во борбата против корупцијата според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски власта покажала неселективност. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, оценува дека корупцијата и криминалот се во голема мера присутни, најавува распуштање на судски совет и совет на јавни обвинители доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Во вечерашниот дуел во емисијата Само вистина на Канал 5, Ковачевски и Мицкоски беа согласни дека корупцијата е проблем кој треба што поскоро да се реши.

Ковачевски посочи дека е свесен за незадоволството кај граѓаните.

-Јас сум свесен дека граѓаните се незадоволни од владеењето на правото и борбата против корупцијата, ако некој е одговорен јас сум одговорен, бидејќи нема кој друг да е дали можеше да се направи повеќе да дали мораше да се направи повеќе да можеше. Има разлика во времето на владеење на СДСМ и ДПМНЕ, требаше ВМРО да не биде на власт за да се види што се правеа, медиуми никој не смееше ништо да каже, сите институции затворени под контрола. Овие седум години има неселективност во постпаувањето, мене не ми е сеедно кога ќе видам членови на паријата кои завршуваат во затворо, меѓутоа тоа значи дека има неселективност, оцени Ковачевски.

Според него потребно е да се обезбеди независно судство и независен совет.

Од друга страна Мицкоски во насока на подобрување на состојбата со корупцијата и недовербата во судството најави распуштање на судски совет и совет на јавни обвинители.

-Криминалот и корупцијата во Македонија се на пандемиски размери и од тие причини довербата во судството и обвинителството е едноцифрена, довербата на граѓаните и се мери со индекс 2-3-4-5 проценти. Тоа не го кажувам јас, тоа го кажува јасно Стејт Департментот во својот извештај, тоа го кажува Европската комисија во својот извештај, тоа го кажуваат германските стопанственици присутни во Македонија во својот извештај и впрочем тоа го кажува бизнис заедницата и на крај основниот суверен тоа се граѓаните преку мерење на јавното мислење, истакна Мицкоски.

Ковачевски посочи дека се согласува дека е потребно политиката да не може да се меша во правосудството, но не и дека е потребно целосно распуштање.

-Јас не се согласувам со целосни распуштања, бидејќи тие доведуваат до тоа да изберете пак нешто што ви одговара на вас, затоа се потребни механзими кои ќе овозможат учество и на граѓанскиот сектор и на експертската фела и да бидат избрани јавно оние кои се најдобри, посочи Ковачевски.

Мицкоски истакна дека распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители се со цел тие да бидат независни тела.

-Прво што ќе направиме е распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители. Сакаме тоа да биде независно тело, да биде независно од политичарите, од владата, од претседателот, од парламентот. Измени законски со кои обвинителите во апелациските подрачја, судиите ќе си ги изберат своите претставници на директни избори. Владата ќе овозможи независен Буџет и ќе прави набљудување на работата на овие две независни тела, заклучи Мицкоски.

Во однос на платите и пензиите Мицкоски рече дека доколку победат на изборите ќе останат на ветувањето дека во рок од една година пензиите ќе бидат линеарно зголемени.

-Направивме проекција од каде и како тоа ќе го решиме. Цениме дека сега состојбата на пезнионерите е алармантна и многу тешка. Просечната пензија во 2024 година споредно со просечената плата во владата е некаде 54 проценти, а треба да е 60. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше 64 проценти. Пари од каде?! – само од непродуктивните трошења, само од трнасферите и криминалите кои оваа влада ги прави, со нивно намалување и решавање ќе ги обезбедиме тие млијарда и двеста милиони за време на мандатот, појасни Мицкоски.

Ковачевски посочи дека во неговиот мандат како претседател на Владата, се случила најголемата економска и енергетска криза, но благодарение на правилните политики предизвиците успешно се надминале.

-Како економист, но и како социјалдемократ, знаев што треба да се прави. Прво мораше да обезбедиме доволно средства за најранливите категории на граѓани. Знаевме дека ќе има зголемена инфлација, бидејќи во услови на војна, постпандемично секогаш има поголеми стапки на инфлација кои на европско ниво достигнаа 20 отсто, колку што беше и кај нас, дека мораме да имаме антикризни мерки и притоа да ги зголемиме платите и пензиите. И тоа и го направивме, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски посочи дека за да се заштити стандардот на граѓаните биле донесени најголеми пакети со антикризни мерки за граѓаните и стопанство во однос на сите земји во регионот..

-Јас знам дека на луѓето не им е лесно, знам дека денес имаме пензионери кои едвај врзуваат крај со крај. Знам дека има родители кои ќе легнат гладни за утре да имаат денар повеќе да им дадат на своите деца. Мене тоа ми е сè јасно. Но ние ја зголемивме просечната плата за 50 проценти, во однос на она што беше во 2016 година. Минималната плата од 10.000 денари стана 22.500 денари. Пензиите ги зголемивме за 50. проценти. Кај платите, минималната плата е неколкукратно зголемена во мојот мандат во однос на 2016 година. Во 2016 година, биле потребни четири минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка. Денес за првпат една просечна и една минимална плата покриваат потрошувачка кошничка, зошто? Бидејќи ние имаме највисоко историско ниво на просечна плата од 40.000 денари, порача Ковачевски.

Мицкоски оцени дека со оглед на инфлацијата, зголемувањата на платите и пензиите изминатиот период не одговараат со реалните потреби.

Ковачевски истакна дека денеска за првпат една просечна и една минимална плата покривале потрошувачка кошничка.

-Еве и со бурек економија да се пресмета. Во 2016 година со минимална плата можеле да се купат 220 четвртини бурек, сега со минимална плата можат да се купат 320 четвртини бурек. Така што, кога зборуваме за економските бројки и за задолжувањето, ние во мандатот во најголема криза вративме 1,3 милијарда евра еврообврзници земени во 14-та, 15-та и 16-та. Знаете за што беа искористени тие? За Скопје 2014! Знаете каков економски раст предизвика? Никаков. Зошто? Затоа што беше стиропор, споменици, жални врби, ништо друго, рече Ковачевски.

Најнови вести од Македонија

To top