Македонија

„Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика“

Втор ден по ред, владата на премиерот Христијан Мицкоски отвори нова градинка, покажувајќи ја својата посветеност на про-семејните политики и поддршката за најмладите граѓани.

„Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика“

Втор ден по ред, владата на премиерот Христијан Мицкоски отвори нова градинка, покажувајќи ја својата посветеност на про-семејните политики и поддршката за најмладите граѓани.

-Втор ден со убави вести за нашите деца – повторно нова градинка. Како Влада продолжуваме да создававме услови за најмладите, бидејќи тие се иднината на државата и на нацијата, изјави Мицкоски. Тој потенцираше дека Владата има јасно определена про-семејна политика, која промовира традиционални вредности како брак и семејство.

Надградбата на постоечката градинка во Таринци, општина Карбинци, е со капацитет за дополнителни 50 деца. Со тоа, Владата ја следи својата програма за отворање нови градинки и елиминирање на листите за чекање. Вчера, пак, беше отворена градинка во Кочани за 114 деца.

Очекувам ова темпо да продолжи и во годините кои следат. Иднината се децата, нашите најмили, и во таа насока ќе продолжиме да водиме политики кои ја поддржуваат семејната структура, додаде премиерот.

Мицкоски им се заблагодари на градоначалникот, министерот и заменик-министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и на советниците и администрацијата, за нивниот придонес во брзото реализирање на проектите.

Покрај новите градинки, Владата продолжува да го зголемува бројот на бесплатни ин витро процедури, од три на шест, како дел од својата стратегија за поддршка на семејствата.

To top