Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози, соопшти ЈП Македонијапат.
Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, а во Прилеп видливоста поради магла е до 100 метри.
-На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, информира ЈП Македонијапат и апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Според вечерниот извештај на Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.