Припадниците на македонската и на белгиската армијата денес од 4 до 9 часот, ќе реализираат воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда.
СВР Охрид вчера соопшти дека при извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција.
– Апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување, како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето, стои во информацијата.