Македонија мерења на ухмр

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар

Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за можно излевање на реките на по две локации кај селата Бељаковце и Јачинце, Клечовце, во атар на село Пелинце на две локации, едната во близина на меморијалниот центар АСНОМ, Коинце, Стрновац, Војник, кај Пчиња, Опае, Брзак, Агино Село и Табановце.

Во Општина Ранковце пак како критични се точките кај Опила и Псача.

– Засега нема пријави за излевање на реките во општина Старо Нагоричане, изјави заменик-градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

Вчера во Куманово наврнаа 31 литар на метар квадратен.

Најнови вести од Македонија

To top