Македонија

Во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе се одржи симулација на евакуација на ученици заради поплава

Во Тетово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, во објектот на поранешното средно медицинско училиште денеска ќе се одржи симулација на евакуација на ученици заради поплава.

Оваа симулација е дел од серијата активности што ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, 13-ти Октомври.

Како што е најавено, на настанот ќе присуствуваат градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селами.

Најнови вести од Македонија

To top