Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

„Очекуваме утре по овој принцип да не обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег. Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДС е на дното“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дното во политиката е пробиено кога лица, кои на никаков начин не се поврзани со производство и трговија на дрога, Богданка Кузевска по насока на Зоран Заев излегува на прес и обвинува невини лица. Ова покажува дека СДС или свесно дефокусира, и се нервозни поради фактот што лица од партијата и нивни екс функционери се сопственици на фабриките каде е најдена дрога, и на овој начин сакаат да ги дефокусираат трагите или лупаат глупости и водат лични пресметки помеѓу десетици крила внатре во партијата, велат од партијата.

„Очекуваме утре по овој принцип да не обвинат и за земјотресот во Скопје и за ланскиот снег. Помината е секоја граница и пробиено е секое дно. Затоа СДС е на дното“, се наведува во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top