Македонија Стигна и сведоштво од лице место, сдс молчи

Заев гради 42-катница во Дубаи, СДС повикан да одговори на обвинувањата

Владејачката партија се повикува на сведоштво на Томе Аврамски и бара антикорупцискиот тим на СДС да отвори постапка за наводни инвестиции во недвижности во Обединетите Арапски Емирати

Заев гради 42-катница во Дубаи, СДС повикан да одговори на обвинувањата

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања дека поранешниот премиер и екслидер на СДСМ, Зоран Заев, во Дубаи инвестирал во изградба на висококатница од над 40 ката, како и дека тој и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, поседуваат станови во истиот град.

Како што соопшти партијата, овие тврдења се темелат на јавно изнесено сведоштво на Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Заев, кој изјавил дека лично престојувал во Дубаи и ја видел изградбата на зградата, како и објектот во кој, според неговите зборови, Заев и Филипче купиле станови.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека доколку овие наводи се точни, станува збор за инвестиции вредни милиони евра, а тоа, според нив, отвора сериозни прашања за потеклото на средствата и за добивањето таканаречени „златни визи“ преку вложувања во недвижности.

Партијата побара антикорупцискиот тим на СДСМ да го разгледа случајот и јавно да одговори дали е точно дека Заев гради висококатница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција. Во соопштението се споменуваат и сомнежи поврзани со наводни криминални тендери, како и можни релации со членови од семејството на Заев и други лица.

Најнови вести од Македонија

To top