Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Ковачевски и Пендаровски е како „црн петок“ – со секоја нова изјава тој им паѓа за 20%

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Ковачевски и Пендаровски е како „црн петок“ – со секоја нова изјава тој им паѓа за 20%

Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е резултат на нивните погубни политики, но и на нивните политички ставови спротивни на интересите на државата и граѓаните. Нивната измеќарска позиција во домашната и надворешната политика ги доведе во ситуација на секое испитување на јавното мислење да одат подолу и подолу. Ја губат довербата од граѓаните и нивниот рејтинг наликува на „црн петок“- со секоја нивна нова изјава тој паѓа за 20%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт е целосно делегитимирана и ќе замине како ненародна власт и како една од најнеспособните влади во историјата на Македонија која нема никакви резултати и е заглавена во криминал и корупција. Во мандатот на оваа власт се случија трагедии како Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница кои никако да добијат правда. Во мандатот на оваа власт околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80 илјади се во екстремна сиромаштија. За прв пат на улиците излегоа пензионерите на масовни протести поради високата инфлација и потонатиот стандард. Нема учебници, нема лекови, а во Клиниката за онкологија се правел криминал на грбот на најтешко болните. Додека економијата тоне, власта дели бенефиции за фирмите на функционерите и нивните блиски. Донаторите на партиите на власт добиваат најголеми тендери, фирми поврзувани со Ковачевски влегуваат во бизнисот со струја, а оние пак поврзани со вицепремиерот вртат милиони, а во исто време илјадници други компании ставаат клуч на врата.

Сите релевантни мерења на јавното мислење покажуваат дека СДС ја изгубиле поддршката од граѓаните. Добија шанса, добија мандат и ги прокоцкаа. Затоа сега е очигледно дека ќе изгубат и тие тоа го знаат и затоа се толку нервозни. Затоа се нелогичните и апсурдни изјави на Пендаровски и Ковачевски, но колку повеќе се препелкаат во калта, толку повеќе пропаѓаат.

Граѓаните се мудри. Тие знаат да препознаат кој нуди визија, кој нуди стабилност и економска предвидливост. Граѓаните сакаат просперитет и тој просперитет ќе го градат заедно со коалицијата и владата предводени од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.

To top