Македонија Да ја исправат својата грешка

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да гласаат во Собранието за продолжување на важноста на пасошите

„Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да гласаат во Собранието за продолжување на важноста на пасошите

Пратениците на СДС и ДУИ имаат шанса колку толку, да ја исправат својата грешка со пасошите и малтретирањето на целиот народ, затоа треба да се одважат и да гласаат за продолжување на нивната важност. Граѓаните ги затворија во својата држава, направија отворен затвор од Македонија. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеле дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Народот доста веќе истрпе и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Треба барем 15 чесни пратеници од власта да има, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите. Во спротивно тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат, се наведува во партиското соопштение.

„Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top