Македонија „Најмизерни изговори“

ВМРО-ДПМНЕ: По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика

Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика

По „Пајакот“ и „Кабелот“, сега виновен е „Синдикалецот“, Ковачевски го брани ДУИ со добро позната тактика. Ковачевски застана во одбрана на ДУИ, за него не е важен упадот виновен е синдикатот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Требаше да помине недела дена за власта да смисли напад, како црното да го претстави за бело. Па така за Ковачевски не е проблем што бандитите од ДУИ кои го загрозија македонското небо се несанкционирани, виновен е синдикалниот лидер или некои вработени. Очигледно требаше сите да знаеме дека кадрите на ДУИ не можат да бидат виновни за нешто, се додека СДС и Ковачевски треба да се власт, зошто тие се спремни и најмизерните изговори да ги претставуваат како вистини, само да владеат. А, за Ковачевски власт има само преку ДУИ, затоа нема одговорност и затоа нема ред. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top