Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое вчера нападна полицаец не е шеф на обезбедувањето на Христијан Мицкоски

Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во краткото соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top