СДС кои, до пред шест месеци, седум години системски го уништуваа енергетскиот сектор, сега најдоа да зборуваат за проблеми кои навремено се детектирани и се работи на експресно решавање на проблемите, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Испадот да РЕК Битола од мрежата е директна последица на неправилното, несоодветно и криминално одржување на блоковите од страна на криминалните СДС и ДУИ.
Новото раководство во ЕСМ и РЕК Битола веднаш го детектираа проблемот и се работи на санирање и решавање на проблемите. Блоковите на РЕК Битола за брзо ќе бидат вратени во работен процес и приклучени на мрежа.
Ја потсетуваме јавноста дека ваквите проблеми во енергетскиот сектор се последица, исклучиво, на криминалното работење на СДС и ДУИ.
Тоа веќе го потврдуваат и надлежните институции кои покренаа и обвинение против првите лица на РЕК Битола за сторен криминал во вредност од шест и пол милиони евра.
И тоа не е единствениот криминал во енергетскиот сектор. Надлежните институции каде и да чепнат во енергетиката, особено во РЕК Битола ќе најдат криминал“, потенцираат во соопштението.
-За време на седум годишниот период на нивно владеење, СДС и ДУИ преку криминалните шеми од епски размери, ЕСМ од профитабилно претпријатие го донесоа во состојба на загубар, реагитаат од партијата.
-Затоа СДС, кои системски го уништија РЕК Битола и енергетскиот сектор, сега да не глумат лажна грижа. Новите раководства во сите енергетски претпријатија посветено работат на стабилизирање на енергетскиот сектор, а РЕК Битола за кратко време, веднаш по санирањето на проблемот, воедно наследен од претходно, ќе биде вратен во функција, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.