Македонија „Народот ќе ги казни СДС и ДУИ“

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема

Од април месец па навака, платите на функционерите се покачени за 78%, во време кога накај 600 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштија, а 80 илјади граѓани живеат во екстремна сиромаштија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги лажеше граѓаните дека ќе ги скрати платите на функционерите во стилот, ако не овој понеделник, нареден петок, за на крај да каже дека кратење нема

Од април месец па до сега Ковачевски и неговата влада ги лажат граѓаните. Прво лажеа дека платите на функционерите нема да се покачат 78%, па после дека ќе предложат закон за кратење на платите, па дека има работна група, па потоа дека за недела две експертите во владата ќе предложат законско решение за намалување на платите, за на крај сега да каже Ковачевски, без око да му трепне, дека нема да се кратат платите на функционерите.

Годишно само износот за зголемувањето на платите на функционерите е скоро 20 милиони евра, а во исто време оваа лицемерна власт им вели на пензионерите дека нема пари за линеарно покачување на пензиите, за учениците нема учебници, за пациентите со ретки болести нема лекови, за здравствените работници нема поголеми плати, за земјоделците нема поддршка… за никој друг во Македонија нема пари, само за повисоки плати на функционерите има.

Ветувањата на Ковачевски се „мижи Асан да ти баам“. Граѓаните изјавите на овој човек и комплетната негова влада, треба да ги земаат со огромна резерва.

Се работи за крајно лицемерна екипа која лаже, краде и има милиони на сметките.

Ковачевски без срам ги манипулираше граѓаните 8 месеци и ветуваше кратење на функционерските плати во стилот „ако не овој понеделник, наредниот петок сигурно“ и пак ништо не направи. Се што фати исуши, се што вети излажа.

Народот ќе ги казни и Ковачевски и СДС и ДУИ за безмилосното лажење, крадење и осиромашување на народот и на државата. Народот ќе ги порамни сметките со оваа влада на демократски начин на избори. Од тоа бегање нема, стои во соопштението на партијата.

To top