Македонија

ДУИ прави драма пред Уставен суд, а главната цел им е да ги скријат своите криминали и на партнерите од СДС

ДУИ прави драма пред Уставен суд, а главната цел им е да ги скријат своите криминали и на партнерите од СДС

ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека драмата на ДУИ пред Уставен суд е режирана заедно со СДС и очигледно е организирана од политичари вмешани во криминални дејствија.

-ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд. ДУИ и СДС, знаејќи дека ништо нема да се случи во среда, се кријат и сеат магла преку протест. Од ДУИ и СДС, само треба ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски, се ќе им биде јасно, се вели во соопштението на партијата.

To top