Македонија „Во СДСМ нема ништо ново“

ВМРО-ДПМНЕ: До последниот ден од криминалната влада со ДУИ, СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

ВМРО-ДПМНЕ порачува: Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има.

ВМРО-ДПМНЕ: До последниот ден од криминалната влада со ДУИ, СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби

Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче. Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон. Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа. Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија. СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада. СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал, се наведува во партиското соопштение.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст“ – велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува: Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има.

Најнови вести од Македонија

To top