Денес коалицијата на Данела Арсовска, Александар Трајановски и Ирина Витина беа против градбите на градинки и спортско игралиште, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението:
Таквите подизведувачи на деструктивните политики на СДС беа против точките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на комуналии за градба и дограба на:
1.ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром;
2.Надградба на детска градинка „Изворче“ во Општина Аеродром;
3.Доградба на ЈДГ „Весели Цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје, објект КОКИЧЕ;
4.Затворено спортско игралиште на ул.„Саса 2“ бр. бб, населба Пинтија – Општина Кисела Вода;
5.Уредување на градежно земјиште за изградба на ООУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.
Ваквите деструктивни политики на пиунот на СДС и ДУИ Арсовска се продолжение на погубните политики во Град Скопје. Тие беа против парите на граѓаните да стигнат таму каде се наjпотребни, но и покрај противењето на Арсовска, Витина и Трајановски точките од мнозинството советници беа донесени.