Македонија скандалозен оглас

ВМРО-ДПМНЕ: Дали дрвјата во Кавадарци, Берово и Демир Капија се поевропски од дрвјата во другите градови во Македонија, па затоа се вработуваат Албанци дрвосечаци?

Национални шуми бара да вработи Албанци дрвосечаци во Кавадарци, Берово, Демир Капија и Крива Паланка. Европски зарем не? Прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што доликува на една европска коалиција, си вадат огласи за вработување, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука би ги прашале, зошто се коалиција за Европа и од која земја од Европската унија го зеле ова искуство? Дали можеби Фон Дер Лајен или Борел се во тек и се гарантори на квалитетот на дрвосечаците и дали можеби во Берово, Демир Капија и Кавадарци дрвјата се поевропски на пример од дрвјата во другите градови во Македонија па мора да се вработува ваков квалитетен европски кадар, според европските вредности на европската коалиција на СДС и ДУИ? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

И дали од Европа е насоката за вработување на албански дрвосечаци во Кавадарци, Демир Капија и Крива Паланка, и дали Маричиќ ќе го прикаже ова како нов успех на европскиот пат на Македонија? Дали Османи ќе сними спот за овие дрвосечаци како дел од преговорите со ЕУ кои се водат само во неговата глава? Дали ова се најквалитетни дрвосечаци од Владивосток до Вашингтон, и дали огласот е договорен додека Ковачевски беше на Саем во Белград каде европски се однесуваше и беше гордост за земјата, посебно терцата со која му пееше на Вучиќ на уво, или пак ова е дел од тајниот план за интегрирање на Балканот на Европската унија? Прашаа од опзициската партија.

Очекуваме одговори од европската коалиција СДС-ДУИ, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

To top