Македонија вмро-дпмне

„Власта спрема масовен поткуп преку квази помошта сака да купува гласови“

Власта спрема масовен поткуп преку квази помошта сака да купува гласови, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта спрема масовен поткуп преку квази помошта сака да купува гласови“

Помошта која ја најави Ковачевски за компаниите и граѓаните, не е ништо друго туку поткуп за избори. Ковачевски игра на картата на кратко паметење и мисли народот ги заборавил изминативе 7 години, но се лаже.

Наместо реална помош и покачување на пензиите, Ковачевски мисли дека со 1000 денари за месец или два ќе ги добие симпатиите на пензионерите, кои посче таквиот поткуп повторно ќе останат со мали пензии.

Ковачевски наместо да создава добра бизнис клима, тој дели милионски тендери на блиски фирми до власта, додека другите едвај преживуваат.

Студентите се борат како да го поминат месецот и илјадарка за месец или два нема да смени ништо.

Поткупот кој Ковачевски се спрема да го прави и да ја украде изборната волја нема да му помине, стои во соопштението на партијата.

To top