Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДС и ДУИ предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција- Груби и Беџети на црната листа на САД

Власта на СДС и ДУИ предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција- Груби и Беџети на црната листа на САД

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети на црната листа на САД. Партнерот во криминал на СДС, Артан Груби заедно со судијата Енвер Беџети ставени на црна листа на САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Причината за која се ставени на црна листа на САД, е тоа што Артан Груби и Енвер Беџети, се вмешани во значителна корупција преку примање мито за поткупување судски процеси поврзани со Мијалков.

Со ова се докажува дека на партнерот на СДС, ДУИ воопшто не му е грижа за народот, туку и протестите пред Уставен суд се само една драма за да ги скријат своите криминали.

Овие луѓе се срам за Македонија!, додаваат од партијата.

Најнови вести од Македонија

To top