Македонија јован има проблем, не е во дубаи...

Вклучен Заевиот аларм за неистомисленици: Филипче од Дубаи ќе го „исклучува“ Деспотовски

Да се насмееме: Тоа се правело „токму во моментот на подем на партијата“. СДС, дефинитивно, станаа цепки од збирштина на трагикомични ликови.

Вклучен Заевиот аларм за неистомисленици: Филипче од Дубаи ќе го „исклучува“ Деспотовски

По најново, најголем грев во СДС е да сте неистомисленик со Филипче. Тоа значи дека сте неистомисленик со Заев. Тоа, пак, значи дека веднаш ќе ве исклучат од партија. Најдобар и најтазе е примерот со Јован Деспотовски, човек со 30-годишна успешна кариера во партијата. Не како оној прелетачот Венко, ниту како Фани која знае тројца во СДС, она колерикот Чупеска ни двајца…

„Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања“, го објаснува урнебесно и трагикомично киднапираната од Заев СДСМ барањето за негово исклучување.

Велат дека тој „ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори“. Аууу, некој пак шмркал од тоа направијата на Јон. Или, сепак, тој им ги пишува луцидните соопштенија?

Замислете само, акцијата да ти била координирана и финансирана од СНС и Вучиќ!?!? Ви се верува што читате? да, тоа е онаа до вчера „државотворна партија“. За греота

Да се насмееме: Тоа се правело „токму во моментот на подем на партијата“. СДС, дефинитивно, станаа цепки од збирштина на трагикомични ликови.

„Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме“, изјави Јован Деспотовски.

На сето ова од СДС најдобро одговара сцената од „Ние не сме ангели“, кога ликот кој дува ко правосмукалка им вели: „Добро момци, колку пати рековме дека овде нема „дување!?“

Најнови вести од Македонија

To top