Македонија

Високите температури причина за зголемен број на колапси, граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од високите температури

Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на копласи на јавни места независноста од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност… Се препорачува излегување надвор од домот во утринските часови и доцна попладме, да се носи лесна облека, да се консумираат многу течности и лесна храна.

Високите температури причина за зголемен број на колапси, граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од високите температури

Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на копласи на јавни места независноста од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност… Се препорачува излегување надвор од домот во утринските часови и доцна попладме, да се носи лесна облека, да се консумираат многу течности и лесна храна.

– Имаме доста колапси на јавни места, независно од возраста. Треба да се почитуваат препораките за носење лесна облека, пиењето терапија за хронично болните, да не се излегува на сонце по 11 часот и така натаму, изјави Драган Панов, доктор во Итната медицинска помош во Скопје.

Помош и совети бараат и постари, но и млади лица. Се случувало помош да побараат млади кои се истуширале, па веднаш заспале под клима. Една од препораките е и да не се практикува ова – климата, советуваат, да не дува директно во граѓаните.

Претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова смета дека горештините си го прават своето и поради наглите промени, вжештувањето, има нарушување во циркулацијата кај луѓето.

– Има вртоглавици, варирање на крвниот притисок, наброја меѓу другото таа, додавајќи дека кај некои лица, на кои високите температури не им одговараат, се јавува и вознемиреност.

Препораки на лекарите се да се јаде умерено, да се практикува излегување во раните утрински часови и доцна навечер, да нема големи температурни разлики кога се преминува од затворен во отворен простор зашто тоа е вистински шок за човековиот организам. Да се внесува повеќе вода, да се избегнува алкохол. Да не се пијат доста студени пијалаци, со по четири или пет коцки мраз.

-Треба разладување, но, не во голема доза, истакна Чолакова Дервишова.

Децата да се носат на прошетки во раните утрински часови и доцна попладне, да се стави заштита од сонце и да се пија течности

Педијатрите исто така предупредуваат децата да не излегуваат надвор за време на горештините, за прошетки да се користат раните утрински и доцните попладневни часови.

Медицинскиот директор на Детската клиника во Скопје, доцент доктор Валентина Цвејоска Чолаковска во изјава за МИА истакна дека доенчињата се особено чувствителни на зголемен губиток на течности, дехидрација и на електролитен дисбаланс.

– Препорака од нас педијатрите би била, зголемено внимание при излегување надвор со децата. Заради високите температури, да се користат раните утрински часови и доцните попладневни часови, да се користат капи за заштита, средства со високи заштитни фактори за УВ-зраците, да се обезбеди доволен внес на течности и лесна храна. Особено внимание треба да се посвети на хигиената – како лична, така и на прехранбените производи, овошјето и зеленчукот, нагласи докторката.

Таа информираше дека сега на Универзитетската клиника за детски болести има хоспитализирано 12 деца со ентероколитис, главно доенчиња и деца на претшколска возраст. На оваа клиника, како што додаде таа, има хоспитализирано и три деца со докажан пертусис, народски кажано, голема кашлица.

Примариус доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“, во изјава за МИА посочи дека полни се сите термини на пулмолозите за алерголошки иследувања во овој период. Се изведуваат сите тестови во оваа болница.

На клиниката, како што додаде таа, има и деца со пертусис, особено доенчиња. Во моментов најчести биле долнореспираторните инфекции. Станува збор за пнеумонии, бронхити.

-Околу 100 амбулантски прегледи имаме во рок од 24 часа. Во моментов, 40 дечиња се хоспитализирани на клиниката, појасни Поповска.

Од УХМР за денеска најавуваат дека температурата ќе се движи до 36 степени, додека за утре се најавуваа највисоката да биде до 38 степени, а во среда, четврток и петок на југоистокот од државата да достигне и до 39.

To top