Македонија 67 уапсени за една недела

ВИДЕО: Тошковски на терен со полициските екипи – Еве како се спроведува акцијата за зголемено полициско присуство и безбеден град Скопје

ВИДЕО: Тошковски на терен со полициските екипи – Еве како се спроведува акцијата за зголемено полициско присуство и безбеден град Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се упати на терен заедно со полициските службеници кои ја одржуваат безбедноста на главниот град.

Вчера тој ги посети пунктовите на полициските службеници кои учествуваат во рамките на оперативната акција за зголемено присуство на полицијата за безбеден град Скопје и мониторинг системот „Безбеден град“ при која за една лишени од слобода 67 лица.

МВР

Оперативната акција е дел од планот за бескомпромисна борба против сите видови криминал и нарушување на јавниот ред и мир, како во градот Скопје така и на територија на целата држава.

-Заедно со полициските службеници уште еднаш потенцираме дека никој нема право да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните, без разлика дали се работи за сообраќајни прекршоци, нелегална трговија со дрога и оружје, вандализам итн. Законот важи подеднакво за сите и сите оние кои ќе го прекршат ќе ги сносат последиците за своите постапки.
Во рамки на акцијата за враќање на безбедноста во град Скопје до сега од нејзиниот почеток на 24.08 до 01.09.2024 полициските службеници во рамки на своите надлежности извршиле преглед на 987 лица, 452 патнички моторни возила и мотоцикли.

МВР

Притоа, лишени од слобода се 67 лица. Од нив 40 лица по член 215 од кривичниот законик. Четири лица се приведени поради кршење на законот за оружје. Полициските службеници пронашле и лишиле од слобода седум лица барани по потерница и седум лица барани по други членови од кривичниот законик…

Со полициските службеници разговаравме и за проблемите со кои се соочуваат на терен, како недостаток на материјално-технички средства и потенцирав дека раководството на министерството работи интензивно на создавање услови за обезбедување на сите неопходни средства како нови униформи, возила за ефикасност во обезбедување на безбедноста на сите граѓани, истакнува министерот за внатрешни работи.

To top