Македонија

ВИДЕО: Се огласи Наталија, сопругата на Андреј ДНК – Починатата Ивана и била колешка, малото девојче голем фан на ДНК, пеела со нив

„Ивана ми беше колешка и ја познавав лично…“, се огласи Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, по трагичната смрт на мајката со дете вчера во Тафталиџе.

ВИДЕО: Се огласи Наталија, сопругата на Андреј ДНК – Починатата Ивана и била колешка, малото девојче голем фан на ДНК, пеела со нив

На социјалните мрежи вирално се споделува видео од малото девојче кое вчера трагично го загуби животот по пад од високатница во Тафталиџе заедно со мајката, како пее на настап на групата ДНК во Скопје.

Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, сподели порака од Ивана, мајката која вчера загина заедно со нејзината 6-годишна ќерка, истакнувајќи дека жената и била колешка. Повеќе го нема ниту ова девојче, кое било и голем фан на ДНК.

-Денес згаснаа уште два животи поради институционална неодговорност. Да не се повтори! Најискрено сочувство до семејството на Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично. Нека почиваат во мир, напиша Наталија на Фејсбук.

Screenshot / Facebook

Обвинителството нареди обдукција на телата на жената и малото девојче, и ги истражува сите аспекти кои му претходеле на овој случај. Едно лице е задржано во полициска станица, а повеќе за тоа во веста во продолжение.

Едно лице задржано во станица по трагичниот настан во Карпош, на распит повеќемина

To top