Македонија локални избори 2025

ВИДЕО: Максим Димитриевски слави во Куманово

Тој кажа дека победата не била лесна „со оглед на фактот, бидејќи знаевме кои се имавме на другата страна и кои бизнис и лоби групации го поддржуваа другиот концепт“, но дека победата е јасна.

ВИДЕО: Максим Димитриевски слави во Куманово

Актуелниот градоначалник на општина Куманово ја прославува својата победа на локалните избори 2025 година.

Максим Димитриевски е претседател на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија кој победи во Куманово со 15.772 на 93,41% обработени гласови.

-Најпрвин сакам да кажам дека ова не е само моја победа, ова е победа на граѓаните на Куманово. Многу сум горд на сите луѓе кои беа вклучени во овој изборен процес и до сите кои дадоа се од себе за оваа победа се случи вечерва во Куманово, рече Максимовски.

 

Posted by Maksim Dimitrievski on Недела, 2 ноември 2025

– Ние од ЗНАМ, јас како градоначалник на Куманово ја примив пораката од кумановци. Моја обврска е да продолжам во континуитет да работам за мое Куманово и дополнително да работам ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Сакам да се заблагодарам на сите коалициски партнери кои дадоа поддршка, тргнувајќи од ВМРО ДПМНЕ и целата владина Коалиција, но пред сè на кумановци кои не се штедеа себе си, излегоа на избори. Што се однесува до нискиот одзив на излезност, порака веќе е сфатена драги кумановчани, ќе продолжиме посветено да работиме исклучиво за вас, изјави Димитриевски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Тој кажа дека победата не била лесна „со оглед на фактот, бидејќи знаевме кои се имавме на другата страна и кои бизнис и лоби групации го поддржуваа другиот концепт“, но дека победата е јасна.

Во следниот период, Димитриевски најави дека ЗНАМ со коалициските партнери ќе го менаџира градот и двојно ќе реализира проекти за подобрување на животниот стандард, условите, и поголем економски раст на Куманово. Тимот како што најави ќе биде дооформен и Куманово ќе стане главен логистички центар не само во Македонија, туку и на Балканот.

– Ниската излезност е повеќе од јасно дека граѓаните негодуваат, дополнително сметам дека имаа одреден број граѓани кои однапред сметаа дека победникот е познат, како и да е таа ќе биде предмет на анализа, рече Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања.

За него, кажа дека значи незаинтересиранот за изборниот процес, што значи дека „нешто не штима“ и во следниот период ќе работи согласно потребите на кумановци.

Најнови вести од Македонија

To top