Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за разрешување на Александар Филев од директор на Јавната Установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Радовиш по добиеното известување на 03.04.2024 од СВР Струмица.
На Александар Филев, според Известувањето од Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш – ОСИД, рег.бр.23.26.2.3-609/2 на 19.03.2024 година, поднесена му е кривична пријава за сторено кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 став 4 од Кривичниот законик и три прекршочни барања по член 6, по член 11 став 1 и член 13 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
-Со ваквите дејствија, загрозување на сигурноста, прекршоците за нарушување на јавниот ред и мир поради пијана состојба, учество во тепачка и навредување на службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата, Александар Филев со крајно несоодветно однесување, а притоа неводејќи сметка за јавниот углед и интерес на институцијата кој ја преставува, направил груба повреда на законот и статутот на институцијата. Имено, во член 189 од Законот за социјална заштита („Службен весник на РМ бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22 и 65/23“) е предвидено дека директорот на Установата може да биде разрешени пред истекот на мандатот за кој е именуван доколку постапува противправно, односно спротивно на јавните интереси, информираат од МТСП.