Според поранешниот прв спикер на Собранието, Трајко Вељаноски, и техничката влада и СЈО биле наметнати ад-хок механизми со политичка цел, кои донеле дисфункционалност наместо стабилен и правен систем и треба конечно да заминат во историјата, .
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Треба да говориме отворено и без лажни наративи.
Овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија. Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“, пишува Вељаноски во објава на ФБ.