Македонија нов закон

ВЕЧЕР: СДСМ и ДУИ најавуваат закон за „убиство“ на малите проектантски и градежни фирми

Во време кога градежништото во Македонија е под удар на корупција од најширок вид, преку ноќ создавање фирми од учесници во власта или нивни блиски кои добиваат градежни дозволи или присилуваат легални градежни фирми да им ги отстапат добиените дозволи и работат за нив како подизведувачи, и кога стручниот кадар од сите фази во градењето ја напушта државата владата на СДСМ и ДУИ чии партиски фирми држат коруптивна контрола врз градењето најави – нов Закон за градење кој е во постапка на “јавна расправа“, а малкумина воопшто знаат дека постои.

Законот може да се види на следниов линк

Освен партиите на власт, чии новосоздадени фирми последниве години држат коруптивна контрола над градежништвото и неосновано ја подигаат цената за градење до двојно поголема за изграден квадрат отколку во времето пред СДСМ и ДУИ да дојдат на власт, иницијатори се и професори на градежниот и архитектонскиот факултет кои се обидуваат да создадат монопол и хонорари за себе во фаза на ревизии на проекти, укинувајќи го тоа право на приватни стручни компании, а обезбедувајќи ексклузива за себе и големи лични приходи во иднина.

Овој процес е противзаконски, монополистички и коруптивен. Во спротивност е со Законот за трговски друштва, Законот за авторски права во делот на архитектонското проектирање и праксата во градежништвото која е на сила во земјите низ Европа, како и неколку други закони и права кои ги имаат дејности од други професии без вакви наметнувања.

За што се работи?

Во Македонија над 50.000 луѓе се вработени или ангажирани во градежништвото.

Во градењето постојат повеќе фази, и повеќе струки кои го сочинуваат процесот: креатори на проект се архитектите и урбанистите и нивниот труд е целосно самостоен, а исто така е авторско дело само по себе. Архитектите, секаде во Европа, се автори кои можат да работат самостојно, или во проектантски бироа за што од државата и нивната асоцијација добиваат лиценца за работа. Како што е спомнато, тие се самостојна професија која, само повремено и по потреба, користи услуги од учесници во другите фази како статичари, градежни, електро или машински инженери.

Во Македонија, според информации од централниот регистар и УЈП, активно работат над 200 проектантски и урбанистички бироа или самостојни архитекти и урбанисти со обезбедена соодветна лиценца.

Следните фази се градежни фирми, самостојни фирми за фаза градење, електро и машинска изведба… Во таа област секоја од фирмите сега има најмалку по еден лиценциран инженер согласно дејноста на компанијата – за фирмата да ја обавува функцијата.

Според наведените извори најмалку 20.000 луѓе во Македонија се вработени во мали фирми, од 5 до 50 вработени, кои работата на одделни градежни фази: проектирање, урбанизам, електро, машински дел или градежна изведба од секој вид. Накусо, од вкупно 50.000 работници во градежништвото во Македонија, барем 20.000, или околу 35-40% се вработени во мали фирми со најмногу 50 вработени кои работат одделни фази во градежништвото. Тие се сега на удар со најавениот нов Закон за градење – им се заканува укинување и ликвидација.

Целиот текст прочитајте го на vecer.mk

Најнови вести од Македонија

To top