Македонија МВР

Важна вест за сите граѓани кои за Илинден ќе одат во Крушево

Важна вест за сите граѓани кои за Илинден ќе одат во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево испрати важно известување до граѓаните.

Поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани, за доаѓање на манифестација во Крушево на ден 01 и 02.08.2024 година треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Најнови вести од Македонија

To top