Македонија Бегство ии недостапност?

Васко Ковачевски и тројца осомничени за тежок криминал во РЕК недостапни за полицијата

Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.

Васко Ковачевски и тројца осомничени за тежок криминал во РЕК недостапни за полицијата

Васко Ковачевски, екс директор на ЕСМ и поет на Заев, како и други тројца осомничени за тежок криминал во РЕК Битолa се недостапни за власта, дознава Курир. Меѓу нив е и екс директорот Стефанов. Според изворите, Ковачевски уште од септември ја напуштил Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија само дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови. Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ.

Со акцијата е опфатен и Пеце Матевски од Битола, поранешен директор на РЕК Битола. Стефанов и Матевски се осомничени дека помогнале да се злоупотреби постапка за јавен повик, како членови на злосторничко здружение.

Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.

Пред неколку години Ковачевски пишуваше речиси љубовни стихови за својот партиски шеф кој го постави за директор на една од најбогатите и најкорумпирани државни институции.

Доброто за Ковачевски за кого обвинителството најави дека ќе истражува криминал во ЕСМ е што речиси сите кои добија поддршка од екс премиерот и лидер на СДСМ завршија в затвор.

Песната на Ковачевски за Заев

 

Најнови вести од Македонија

To top