Над 950 деца досега се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини и се поделени над 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“.
– Во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 500 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
Во кампањата се вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови и Институтот за јавно здравје, кои планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 150 населени урбани и рурални места.