Македонија ЦУК

Утрово нема активни пожари на отворено

-Изминатото деноноќие имало вкупно 10 пожари на отворено во државата. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, велат од ЦУК.

Утрово нема активни пожари на отворено

Нема активни пожари на отворено, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Изминатото деноноќие имало вкупно 10 пожари на отворено во државата. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, велат од ЦУК.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп имале четири интервенции за гаснење пожари на отворено, а по една таква интервенција имале пожарникарите од ТППЕ Струмица, ТППЕ Радовиш, ТППЕ Куманово, РЦУК – Тетово и од Велес.

Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 1 819 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,15 отсто, а 60,85 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 62,93 отсто, кон итната медицинска помош 30,17 отсто, а кон пожарникарите 6,03 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top