Македонија УХМР

Утринските температури од 0 до 8 степени, најстудено во Берово

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот наместа умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури од 0 до 8 степени, најстудено во Берово

Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени нула степени. УХМР соопшти дека во 7.30 часот се измерени температури од 1 степен во Лазарополе, два во Битола, три степени во Скопје-Петровец, Тетово и Крива Паланка, четири во Прилеп, Струмица, Демир Капија и Попова Шапка, пет степени во Куманово, Охрид, Претор, Кавадарци, Дебар и Маврови Анови, шест степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип и Крушево и осум степени во 8 Гевгелија и Виница.

-Утрово е сончево и свежо. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот наместа умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Најнови вести од Македонија

To top