Македонија ЦУК

Уште има пожари на отворено и непроодни патишта

Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Валандово вчера од 13:50 до 15:00 часот со едно возило интервенирале на запалена трска, капини и ниска вегетација на површина од два декари покрај патот село Марвинци – село Удово.

Уште има пожари на отворено и непроодни патишта

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие имало пожари на вегетација на отворено и непроодни патишта.

Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Валандово вчера од 13:50 до 15:00 часот со едно возило интервенирале на запалена трска, капини и ниска вегетација на површина од два декари покрај патот село Марвинци – село Удово.

Регионалниот ЦУК Велес известува дека во текот на денот имале пријава од граѓани за одрони кај селото Криволак на патниот правец Неготино – Штип. Одроните се отстранети од екипи од ЈП за оддржување и заштита на магистралните и регионалните патни правци.

Во Општина Крива Паланка непрооден е локалниот патен правец село Дурачка Река – село Дренак.

Регионалниот ЦУК Тетово информира дека како резултат на ниските температури на патниот правец меѓу селата Неготино и Калиште во Општина Врапчиште има појава на мраз на коловозот што претставува опасност по сообраќајот. Настанот е пријавен од страна на граѓанин на Единствениот број за пријавување итни случаи 112.

-Веднаш од РЦУК Тетово преку РЦУК Гостивар се информирани во ПС Галата од каде што биле известени дека ќе се интевенира од страна на ЈП „Македонија пат“ и ќе се посипува со песок и сол, што ке го опфати целиот патен првец од село Санокос, преку селата Неготино, Калиште, Добридол, Топлица и Врапчиште до влезот на Општина Гостивар, информира ЦУК.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top