Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Цветан Трипуновки, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз.
На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.
-Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители. Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот, потенцираше министерот на средбата.