Македонија МЗШВ

Трипуновски: Николовски го заобиколува законот и доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

„На овој начин Николовски директно извршил упад во системот, бидејќи иако министерството е орган кој што ги планира мерките за финансиска поддршка и го оценува нивното влијание, сепак нивното исплаќање се врши преку платежната агенција, со тоа Николовски директно ја нарушил системската поставеност на институциите“.

Трипуновски: Николовски го заобиколува законот и доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Денешната прес-конференција на дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, е вовед во серија на прес конференции кои што ќе се одржат во наредниве неколку дена, а на кои ќе бидат презентирани докази за, како што вели, криминалното работење на актуелниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.

-Во Република Македонија има јасно дефиниран систем за избор и исплата на финансиски средства во делот на земјоделството. Политиките се осмислуваат од страна на министерството за земјоделство, а распишувањето на јавни повици и исплатите се вршат преку платежната агенција, на тој начин имаме подвојување помеѓу планерот, избирачот и исплаќачот на програмите со што може да се врши контрола на самиот процес. Овој процес е дерогиран од страна на Љупчо Николовски, кој на страна од системот кој е законски воспоставен по примерот на Европската Унија, а тоа е Министерството за земјоделство од една страна и платежната агенција од друга страна, односно истиот носи одлука за доделување на финансиски средства директно преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вели Трипуновски.

Тој обвинува дека Николовски го заобиколува законот и доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура.

-Љупчо Николовски донел програми спротивно на прописите за финансиско управување и контрола и една иста комисија надлежна да врши избор на корисници, следи имплементација, врши контрола односно едно исто службено лице во исто време е одговорно за одобрување, извршување и контрола на буџетското трошење на средствата што е спротивно на сите акти за финансиска контрола со што оставил простор да се влијае на начинот на распределбата на над 2.5 милиони евра народни пари. На овој начин Николовски директно извршил упад во системот, бидејќи иако министерството е орган кој што ги планира мерките за финансиска поддршка и го оценува нивното влијание, сепак нивното исплаќање се врши преку платежната агенција, со тоа Николовски директно ја нарушил системската поставеност на институциите. Дополнително што е сомнително и што треба да биде предмет на истрага е зошто финансиските средства на овие програми од година во година енормно се зголемуваат па така ова значи дека Николовски имал директна можност да ги користи овие програми и исплаќања на енормни високи суми на лица блиски до него и до власта со што можел да фаворизира одредени апликанти при распределбата на средствата помеѓу земјоделците. Ја информирам јавноста дека ова се документи кои што се прибавени директно од министерството и за кои има цврсти докази на кои ќе се презентираат програма по програма и како се распределувале средствата преку министерството, но и кои биле членовите преку кои, повторувам уште еднаш, Николовски можел директно да влијае и да фаворизира одреден апликант, порача тој.

Најнови вести од Македонија

To top