Македонија МЗШВ

Трипуновски: Николовски ангажира лица за политичка кампања преку МЗШВ на терет на државата

„Прашањето е едноставно: Дали Николовски со државни пари си вработува лица за политичка кампања за СДС во предизборниот период?“ – посочува тој.

Трипуновски: Николовски ангажира лица за политичка кампања преку МЗШВ на терет на државата

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денес на својата Фејсбук страница објави документ со кој обвинува дека  министерот Љупчо Николовски ангажирал повеќе лица на договор на дело за периодот од февруари до мај.

„Николовски привремено вработува фотограф, снимател, графички дизајнер, лице за односи со јавност, лице за логистичка поддршка на Министерот на терен, и сите овие лица се вработени во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што ќе добијат по 76.000 денари.

Прашањето е едноставно: Дали Николовски со државни пари си вработува лица за политичка кампања за СДС во предизборниот период?“ – посочува тој.

 

To top