Македонија Земјоделство

Трипуновски: Никогаш не било полошо – СДС, Ковачевски и Николовски целосно го уништија земјоделството, мора да ги поразиме

„ВМРО-ДПМНЕ има план, визија, стратегија и проекти за земјоделците и ќе започне со реализација веднаш по формирање на идната влада“.

Трипуновски: Никогаш не било полошо – СДС, Ковачевски и Николовски целосно го уништија земјоделството, мора да ги поразиме

Како изминатите седум години состојбите во земјоделството никогаш не биле полоши. Седум години земјоделците се целосно заборавени од владата на СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски. Се сменија тројца министри и секој најавува подобрување на земјоделството, но резултати до ден денес нема. Земјоделците едвај преживуваат, а голем дел од нив веќе ги напуштаат нивите бидејќи не само што трудот и маката им се невреднувани, туку и се потценети, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Најдобар показател дека ситуацијата во земјоделството изминативе години е катастрофална покажаа протестите на земјоделците ширум Република Македонија, кои бараа помош од владата на СДС и Николовски. И наместо помош добија обвинувања дека протестите биле партиски и дека некој ги користи за политички поени. СДС, Николовски и Ковачевски наместо вината да ја бараат во себе за хаосот и пустошот во земјоделството, ги потценуваат земјоделците кои со својата чесна работа заработуваат за себе и своите семејства за да ги прехранат, вели Трипуновски.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција 

Од седумгодишното владеење на СДС, Ковачевски и Николовски ситуацијата во земјоделството е следна:

· Ненавремена исплата на субвенциите и намалување на субвенциите;

· несигурен пласман и ниски цени за земјоделските производи во сите земјоделски гранки;

· проблеми со наводнување на земјоделските површини;

· нерамноправна распределба на земјоделското земјиште, односно наместо на земјоделците да го добијат земјоделското земјиште истото завршува кај лица блиски до Николовски и до власта. Македонија стана увозно зависна од храна, која моли и купува храна од соседните земји, додека граѓаните јадат небезбедна храна со потврдено присуство на пестициди;

· ненавремено справување со африканската свинска чума;

· граѓаните плаќаат скапо огревно дрво, додека тендери за преработка на опожарените дрвја земаат блиски фирми до власта и Николовски;

· Николовски потпишуваше договори за доделување на земјоделско земјиште по багателни цени;

· криминал и злоупотребување со ИПАРД фондовите;

· унапредување на партиски лица блиски до Николовски и вработување на кадри на СДС.

На само еден месец пред гласањето на техничка влада, СДС и Ковачевски сакаат да си го озаконат предизборниот поткуп и преку таканаречениот антикризен пакет само на неколку земјоделци ќе им дават по 1.000 денари и тоа се до завршување на изборите.

Седум години ги заборавија, а сега на само неколку месеци пред избори ќе им делат по 1.000 денари.

Нивните 1.000 денари нема да им помогнат не само на земјоделците, туку и на граѓаните нема да им помогнат. Земјоделците не бараат милост, туку бараат достоинтсвени цени за земјоделските производи кои ги произведуваат.

Им порачуваме дека нивните нечесни и дволични игри се препознаени од земјоделците. СДС веќе нема поддршка од граѓаните и тоа е јасно.

Со еден збор, во земјоделството никогаш не било полошо. Но, важно е на парламентарните избори да ги поразиме.

ВМРО-ДПМНЕ има план, визија, стратегија и проекти за земјоделците и ќе започне со реализација веднаш по формирање на идната влада.

Време е за промени. Време е да се стави крај на поразините политики на владата на СДС, Ковачевски и Николовски.

Најнови вести од Македонија

To top