Македонија Делчево и регионот

Трипуновски: Наместо пошумување на опожарените површини, власта преку фирми блиски до нив продолжува да ги уништува македонските шуми

ЈП Македонски шуми во моментов има извршено анекс на договорот и со тоа и дозволува на оваа компанија да продолжи уште една година да го „уредува“, односно да го „чисти“ теренот.

Трипуновски: Наместо пошумување на опожарените површини, власта преку фирми блиски до нив продолжува да ги уништува македонските шуми

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска е во работна посета на Делчево и регионот.

При посетата, Трипуновски оствари средби со неколку фармери, овоштари и земјоделци од овој регион каде што разговараа за сите актуелни состојби во секторот земјоделство.

Трипуновски се осврна на пожарите кои го зафатија овој регион во 2021 година и изнесе информации за фирмата која што го доби тендерот за чистење на овие простори од опожарени дрва.

-Во 2021 година се сличија пожарите на овој регион и согласно динамиката и законската обврска ЈП Македонски шуми имаше обврска да го исчисти теренот на овој регион. Она што државата го направи во тоа време, склучи еден крајно сомнителен договор со приватна компанија која што исто така е блиска до власта и имаше обврска да го исчисти регионот, односно терените да ги подготви за повторно пошумување се со цел да не настане голема економска штета. Согласно проценките на експертите од оваа фела, проценката на шумската штета во овие пожари изнесува некаде над 25 милиони евра, изјави Трипшуновски.

Меѓутоа, според информациите кои ги изнесе Трипуновски фирмата која што го добила тендерот наместо опожарена дрвна маса тие сечеле и здрава дрвна маса што е спротивно на договорот и со тоа се нанесени големи штети на македонските шуми.

-Гледаме дека покрај опожарени дрва се сече и дрвна маса која што е здрава и истите се употребуваат за бизнис интереси на оваа компанија. ЈП Македонски шуми во моментов има извршено анекс на договорот и со тоа и дозволува на оваа компанија да продолжи уште една година да го „уредува“, односно да го „чисти“ теренот, додаде Трипуновски.

-Одговорност за ова незаконско однесување во делот на македонските шуми, на нашето најголемо национално богатство, ќе има затоа што ова што се случува е крајно недозволиво. Уште еднаш апелирам до ЈП Македонски шуми, до инспекторатот, до министерството, во рамките на моите можности како технички министер да укажам на ова незаконско работење кое што се случува во овој дел на Република Македонија, заврши Трипуновски.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top